Извезуваме ли накит во светот?

74

Извозот на накит на глобално ниво минатата година беше 108,2 милијарди долари, што е намалување од 2,3% во однос на 2018 година, покажуваат податоците на World’s top exports.

Меѓу земјите во светот, Индија е најголем извозник со 13,4 милијарди долари или 12,4% удел во вкупниот извоз на накит. Меѓу петте најголеми извозници се и: Кина (13,3 милијарди долари), Швајцарија (11,7 милијарди долари), Обединети Арапски Емирати (10 милијарди долари) и САД (9,2 милијарди долари).

Македонија има скромен удел во извозот на накит со само 4.000 долари, поради што е 173-та во светски рамки.

Од земјите во регионот, најголем извозник на накит е Грција со 50 милиони долари. следуваат: Бугарија (22,9 милиони долари), Словенија (6,5 милиони долари), Црна Гора (4,3 милиони долари), Хрватска (3,6 милиони долари), Србија (2,6 милиони долари) и Албанија (2,2 милиони долари).

Фото: Freepik