Извлечени добитниците од наградната игра на Комерцијална банка

38

nagradna-igra-na-komercijalna-banka

Во просториите на Комерцијална банка во присуство на нотар и два претставника на Комерцијална банка АД Скопје, на 12-ти овој месец беа извлечени среќните добитници на наградната игра Купувај, од срце подарувај и вредни награди освојувај.

Наградите може да се подигнат во рок од 60 дена, секој работен ден од 08:00 до 16:00 часот на следната адреса: Комерцијална банка АД Скопје, Служба за банкарски картички, ул. Орце Николов бр. 1, 1000 Скопје.

Наградната игра траеше од 21.11. до 31.12.2015 година, а учество се обезбедуваше со секоја трансакција на продажните места во Република Македонија од најмалку 300,00 денари, направена со Maestro® или MasterCard® картичка за физички лица од Комерцијална банка. Со секоја бесконтактна трансакција од најмалку 300,00 денари се добиваа две шанси за учество и двојно поголема можност за добивање награда.

Главната награда е готовина во износ од 20.000 евра во денарска противвредност префрлена на трансакциска сметка во Банката, додека утешните награди вклучуваат 20 (дваесет) гифт картички за трговскиот центар Скопје Сити Мол во вредност од 5.000 денари, 20 (дваесет) гифт картички во вредност од 3.000 денари и 200 (двесте) гифт картички во вредност од 1.000 денари.

Со оваа наградна игра Комерцијална банка го одбележува 20-годишниот јубилеј од издавањето на првата MasterCard® картичка на Комерцијална банка, која наедно беше и првата MasterCard® картичка издадена во Македонија. Банката на овој начин изразува и благодарност до сите лојални корисници на Maestro® и на MasterCard® картичките на Комерцијална банка.

Оваа наградна игра имаше и хуман карактер. Со секоја трансакција квалификувана за учество во Наградната игра, Комерцијална банка и MasterCard® издвојуваа по еден денар за финансирање на проектот Дарувајте орган – подарете живот на Црвениот крст на Република Македонија.

По завршувањето на наградната игра за оваа хумана намена се собраа дури 640.961 денари, износ што ќе биде наменет за реализација на овој проект чија цел е едукација и подигнување на свеста кај населението за значењето на донирање органи и ткива и трансплантација, како и надминување на скептицизмот и стравот како основни причини за недоволен одѕив на донатори. Крајна цел на проектот е популаризација на донирањето органи и ткива и спасување на што повеќе загрозени животи.