Извлечени се првите добитници од наградната игра e – commerce на Стопанска банка.
Корисниците на Visa и Mastercard платежните картички на Стопанска банка Скопје освен бенефитите од едноставно и безбедно on line плаќање, отсега имаат можност да освојуваат и вредни награди со купување или плаќање од било каде во светот, преку наградната игра Купувај онлајн со платежните картички на Стопанска банка.
Наградната игра започна на први јуни, а ќе трае до 31 декември 2015 година со извлекување секој месец по пет добитници при што месечната главна награда изнесува 60.000 денари, а ќе се доделуваат и по четири споредни од 10.000 денари.