Вчеравечер на националниот сервис во 20 часот беа извлечени првите добитници од наградната игра Фискална во рака – награда без мака.
Трајко Кузмановски од Куманово е првиот добитник на стан во Скопје, Димитар Миладинов од Струга беше добитник на деловниот простор, а автомобилот Пежо 206 го доби Панде Мановски од битолското село Буково.
Министерот за финансии, Зоран Ставрески, чие ресорно министерство е покровител на наградната игра, нагласи дека секоја фискална сметка значи можност да се изградат повеќе училишта, градинки, болници, патишта, да се зголемат пензиите, да се зголемат субевнициите за земјоделците и се друго што се финансира од буџетот.
“Секој граѓанин треба да знае дека со барањето на фискална сметка има можност да поддржи изградба на некој објект или да го подобри животот на граѓаните”, рече Ставрески.
Во првото извлекување беа доделени 152 награди и тоа ваучери за прехранбени производи, за велосипеди и велосипедска оперма, компјутери и компјутерска опрема, мобилни телефони, дигитални фотоапарати, ваучери за бела техника и мали кујнски апарати, аудио и видео опрема.
Во првото извлекување учествуваа повеќе од 800.000 пликови.
Во наградната игра во која наместо предвидените девет, ќе има 13 извлекувања, секој месец по едно извлекување. Второто извлекување ќе биде на 27.01.2014 година, а во него ќе учествуваат пликовите пристигнати од 30.12.2013 година до 26.01.2014 година. Во второто извлекување ќе се доделуваат бројни вредносни ваучери и еден автомобил, исто како и во третото, четвртото, петтото и шестото извлекување.
Во седмото извлекување кое е предвидено да се одржи на 30 јуни 2014 година, ќе учествуваат сите пликови пратени од почетокот на наградната игра и ќе бидат во трката за добивање на вториот стан во Скопје.
Почетна Новости Македонија Извлечени првите добитници во наградната игра Фискална во рака – награда без...