Изворот на успехот во претприемништвото е во внатрешниот дух

40
altuntas
Бајбарс Алтунташ, потпретседател на Европската трговска асоцијација на бизнис ангели (EBAN) и претседател на Асоцијацијата на бизнис ангели на Турција (TBAA)

Бајбарс Алтунташ е глобален претприемач, автор на бестселери, бизнис ангел, колумнист, ѕвезда во турското телевизиско шоу Dragons’ Den (адаптација на популарната ТВ емисија Shark Tank) и моментално е член на жирито во новата турска емисија за претприемачи Дали имате бизнис идеја? (Do You Have a Business Idea?)

Алтунташ е основач на Deulcom lnternational, првата стручна тренинг школа во Турција, која беше именувана од Economist – Turkey за една од најдобрите 100 франшизи во Турција. Неговата компанија Links Angel BAN е всушност бизнис ангел платформа која ги помага старт – ап бизнисите во Турција. Тој е претседател на Асоцијацијата на бизнис ангели на Турција (TBAA), член на одборот на Светската асоцијација на бизнис ангели (WBBA), потпретседател на Европската трговска асоцијација на бизнис ангели (EBAN), член на Одборот за соработка во Регионалната мрежа за поддршка на мали и средни претпријатија (COSSME Network) и амбасадор на Светскиот претприемачки форум за Турција и балканските земји.

Неговата книга My way to Dragons’ Den е најдобро продавана книга во Турција.

Господин Алтунташ минатиот месец беше во Скопје, на Форумот на Биснис Иновации 2015, како главен говорник на отворањето, заедно со вицепремиерот на Владата на РМ. Во рамките на Форумот, господин Алтунташ одржа предавање на ЈИЕ Универзитетот, насловено “Како да го заработите вашиот прв милион”. Toj како претставник на TBAA учествуваше на состанокот на членовите на одборот на COSSMЕ, кој во мај годинава ќе биде домаќин на претставувањето (pitching) на стартапи пред претприемачи и компании, потенцијални инвеститори.

БИ: Првично наменета само за бизнис ангелите, денес во EBAN има инвеститори во рана фаза на бизнисите од различни сектори. Кажете ни повеќе за активностите на EBAN.

EBAN е интернационална, непрофитна организација чија мисија е да ја претставува пан-европската инвеститорска заедница во рана фаза на бизнисот, каде се вклучени членови како организации и индивидуалци од Европа и пошироко. Првично наменета само за бизнис ангели, денес во EBAN има инвеститори во рана фаза на бизнисите од различни сектори. EBAN е организација на мрежи на бизнис ангели, venture capital фондови и crowdfunding фондови од ЕУ, од која за една година се инвестирани 7,5 милијарди евра (73% или 5,5 милијарди евра од бизнис ангели, 26% или 1,92 милијарди евра од VC фондови и 1% или 0,08 милијарди евра од crowdfunding фондови) во 34.000 почетни, мали и средни компании и отворени се 185.000 работни места.

EBAN е основана во 1999 од група на пионерски мрежи на ангели во Европа во соработка со Европската Комисија и EURADA (Европска асоцијација на агенции за развој). Во 1999 постоеја само 50 мрежи на бизнис ангели во Европа, кои ги поддржуваа брзорастечките старт – ап бизниси. Половина од мрежите беа од Велика Британија. Денес бројката мрежи на бизнис ангели изнесува 460.

Baybars Altuntaş

БИ: Како станавте бизнис ангел?

По средбата со американскиот претседател Барак Обама во Вашингтон, станав многу популарен во Турција. Тимот на Sony Pictures Turkey ми испрати е-мајл во кој пишуваше дека треба да започнат со продукција на шоуто Dragons’ Den во Турција и ме поканија да бидам еден од Змејовите во истото. Уживав гледајќи ја верзијата на шоуто на BBC, но да бидам искрен, улогата на Змеј беше нешто што никогаш не ми паднало на памет. Но, кога ја примив поканата, не се двоумев дали да ја прифатам, затоа што сметав дека имам совршен профил за улогата на Змеј. Еден од главните критериуми беше Змејовите сами да го имаат спечалено богатството и тоа од нула.

Откако почна емисија на Bloomberg HT, почнав да добивам стотици мејлови од стартапи и претприемачи кои бараа финансиска помош за сопствените бизнис идеи. Тогаш решив дисциплинирано да одговорам на секоја апликација. Затоа што начинот на кој се решаваат финансиите за старт – ап бизнисите во светот е систем на инвестиции од бизнис ангели, решив да бидам бизнис ангел, наместо обичен инвеститор.

Разликата помеѓу обичен инвеститор и бизнис ангел е во тоа што инвеститорот само дава пари за бизнисот, додека бизнис ангелите освен пари ги пружаат и своите менторство, вештини, искуства и контакти. Така, тоа одлично се совпадна со моите очекувања во животот. Споделување на знаења, менторство и контакти со претприемачи почетници.

Потоа развив своја стратегија на инвестрање во старт – ап бизниси: Инвестирам во стартапи кои се веќе основани, стартапот ми ја презентира идејата и заедно со претприемачот ги поставувам темелите на компанијата, ја презентирам бизнис идејата на претприемачот и заедно ја креираме компанијата.

Можете да ја посетите мојата страна на Wikipedia и да дознаете повеќе за моите инвестиции како бизнис ангел.

БИ: Каква е старт-ап климата во Турција? Колку бизнис ангелите инвестираат во старт-ап бизниси?

Ангел инвестиција е сектор од кој годишно се очекува да инвестира околу 400 милиони евра во следните неколку години и сектор кој игра главна улога во иднината на Турција, поточно во финансирање на средни и мали бизниси и креирање на нови работни места.

Главен “играч” на овој пазар е TBAA. Таа е една од најсилните асоцијации на бизнис ангели во Европа и на неа отпаѓаат дури 70% од ангел инвестициите. Во Турција има 12 мрежи на бизнис ангели, од кои осум се членови на TBAA.

Според официјалните извештаи на EBAN, Турција е осмиот најголем пазар на ангел инвестиции во Европа, со 450 бизнис ангели, 10 мрежи на бизнис ангели, финансирани 61 стартапи, 14,7 милиони евра инвестиции во 2013, 40% стапка на раст на пазарот, 10,5 милиони евра инвестиции во 2012, 400 креирани работни места, просечна инвестиција по компанија од 240.984 евра, просечна инвестиција од 32.667 евра по бизнис ангел, просечна инвестиција по мрежа на бизнис ангели – 1,5 милиони евра. Според овие цифри, на пазарот во Турција во 2013 беа реализирани 147 милиони евра. Нашите очекувања за 2014 се дека овие бројки ќе пораснат за најмалку 25%.

image

БИ: Според вас, што е потребно за еден старт-ап да привлече инвестиции? Како вие решавате дали одреден бизнис ќе ги добие вашите пари?

За мене претприемачот е поважен од самиот проект. Затоа јас повеќе сакам да инвестирам во претприемачот отколку во бизнисот. А што треба да поседува еден претприемач за да ја заслужи мојата инвестиција?

Изворот на успехот во претприемништвото е во внатрешниот дух, не во надворешните сили. Ако го сакате тоа што го правите, тогаш ќе станете успешни. Претприемништвото не е нешто што го правите затоа што морате.

Младите претприемачи мора да бидат подобри од останатите луѓе во користењето на три важни сетила:

  • Нивниот нос треба да умее да намириса пари, многу подобро од другите
  • Нивните очи мораат добро да забележуваат наместо само да гледаат
  • Нивните уши (и просторот меѓу нив) мора да биде чист за да можат да послушаат добар совет, но и да не примаат информации кои не се корисни за нив.

Исто така, треба да имаат добра поврзаност со броевите 7, 24 и 365, затоа што треба да бидат подготвени да работат седум дена неделно, 24 часа дневно и 365 денови годишно.

Претприемачите генерално бараат финансиска помош од пријатели и роднини кога имаат бизнис идеја и ефективно ги користат нивните очи, нос и уши. Како и да е, ако претприемачот земе заем, без претходно да направи било какви планови, тој/таа можат да бидат вовлечени во, како што ја викаме ние, “Долината на смртта”.

Тогаш почнуваат вистинските проблеми: пријателите, роднините, бизнис ангелите, инвеститорите и банките повеќе не сакаат да даваат пари. Тука се и акумулираните долгови (покрај првичниот заем) и неможноста да се платат. Во тој момент  единствениот извор на финансии се клиентите. Доколку клиентите го ценат вашиот производ или услуга, вие продавате и продолжувате понатаму, одбегнувајќи ја Долината на смртта. Во спротивно ќе мора да го заборавите претприемништвото.

Имајќи го ова во предвид, би сакал да потенцирам осум клучни зборови кои младите претприемачи треба да ги запаметат доколку сакаат да успеат: нос – очи – уши – Долина на смртта – клиент – 7 – 24 – 365.   

БИ: Вие сте автор на книгата My way to Dragons’ Den, која е најдобро продавана книга во вашата земја. За што се работи? Дали планирате да ја преведете на македонски?

Во мојата книга се зборува за тоа како се збогатив, почнувајќи од нула. Не е само мојата приказна, во неа има и совети за оние кои сакаат да станат претприемачи, совети кои имаат цел да им го олеснат претприемничкото патување.

Тука треба да го споменам и коментарот на господин Мухтар Кент, претседателот на Кока Кола, кој во едно излагање за мојата книга рече:

“Во оваа книга Алтунташ раскажува приказна за еден динамичен и енергичен претприемач. Во неговото возбудливо патување тој многу вешто ве води низ стапици и предизвици, но и низ можности и интелигентни ризици кои заедно создаваат една важна лекција. Како што страниците одминуваат, ја чувствувате страста, храброста и посветеноста од корица до корица.”

Предговорот на книгата го напиша Џонатан Ортманс, претседател на Global Entrepreneurship Week. Неговите коментари за книгата и неговите совети можете да ги погледнете тука.

Нешто повеќе за книгата може да најдете на следниот линк www.baybarsaltuntasbook.com и со задоволство можам да кажам дека за неколку недели ќе имате можност да ја посетите македонската верзија на страницата на Фејсбук. Ги очекувам коментарите од македонските претприемачи откако ќе ја прочитаат мојата книга.