Извоз на музички инструмент на овие земји им носи стотици милиони долари

43

Извозот на пијано во 2019-та година во светот достигна вредност од 920,6 милиони долари, што претставува зголемување од 7,8% во споредба со една година претходно, покажуваат податоците на World’s top exports.

Јапонија е најголем извозник со удел од 36,3% и 334,2 милиони долари заработка во 2019 година.

Меѓу петте најголеми извозници на пијано во светот лани беа и: Индонезија (187,2 милиони долари), Германија (175,8 милиони долари), Кина (49,8 милиони долари) и САД (26,3 милиони долари).

Фото: Freepik