Извозот на ананас им донесе скоро милијарда долари

17

Извозот на ананас во 2019 година достигна вредност од 2,2 милијарди долари. Костарика е земјата што го снабдува светот со ова овошје бидејќи покрива дури 43,8% од вкупниот извоз. Тоа на земјата ѝ донесе приходи од 981 милион долари.

Меѓу петте најголеми извозници на ананас се и: Филипини (323,8 милиони долари), Холандија (250,6 милиони долари), Белгија (97,1 милион долари) и САД (93,3 милиони долари).

Од земјите во регионот, Словенија била најголем извозник на ананас со вредност од 2,3 милиони долари. По што следат: Грција со 1,7 милиони долари, Хрватска со 536.000 долари, Бугарија со 12.000 долари…

Фото: Pexels