Извозот на автомобилски гуми се “издиша“ за 12,6%

83

На глобално ниво, извозот на гуми за возила достигна вредност од 69,7 милијарди долари минатата година, што е за 12,6% помалку одошто една година претходно.

Кина е најголем извозник на автомобилски гуми со 19% учество во вкупниот извоз и инкасирани 13,3 милијарди долари.

Меѓу петте најголеми извозници, според податоците на World’s top exports, лани беа и: Тајланд (5,2 милијарди долари), Германија (4,9 милијарди долари) и САД (четири милијарди долари).

Од земјите во регионот, Србија е најголем извозник на гуми и тоа во вредност од 672 милиони долари. Потоа следат: Словенија (399,8 милиони долари), Бугарија (7,7 милиони долари) и Босна и Херцеговина (445.000 долари).

Фото: Pixabay