Извозот на Хаваи лани намален за 29,5%

48

Хаваи во текот на минатата година имаше извоз на производи во висина од 320 милиони долари, што преставува намалување од 29,5% во однос на 2019 година.

Најголема заработка Хаваи лани имаше од извоз на железен и челичен отпад и тоа 42 милиони долари. Меѓу најизвезувани се и: авиони и делови за авиони (31 милион долари), најразлични делови за воздухоплови (30 милиони долари), морски плодови (22 милиони долари), отпад од алуминиум (14 милиони долари).

Хаваи има популација од 1,4 милиони жители, па вкупниот извоз е 230 долари по глава жители.

Фото: Pexels