Извозот на Јапонија порасна благодарение на Кина

58

Извозот на Јапонија во март порасна за 16,1% во однос на истиот период лани, поттикнат од скокот на кинеската побарувачка.

Испораката во Кина, што е најголем трговски партнер на Јапонија, во март надмина 37,2%, покажуваат податоците на јапонското министерство за финансии. Со тоа, растот на извозот на Јапонија во Кина продолжува девет месеци по ред.

Кинеската економија беше единствена од поголемите што минатата година забележа раст, а само во првиот квартал имаше пораст од 18,3%, што е најголем скок досега.

Извозот на Јапонија, исто така, има пораст и кога е во прашање Европската унија и тоа за 12,8%. Со овој процент се прекина падот на извозот што траеше скоро цела година. За 4,9% Јапонија го зголеми својот извоз во САД.

Фото: Pexels