Извозот на Кина лани достигна 2.591 милијарди долари

20

Кина во текот на минатата година извезе производи во вредност од 2.591 милијарди долари, што е порасна од 3,7% во однос на 2019 година.

Според податоците на World’s top exports, 60,7% од извозот на Кина беше насочен кон: САД (17,5%), Хонгконг (10,5%), Јапонија (5,5%), Виетнам (4,4%), Јужна Кореја (4,3%), Германија (3,4%)…

Со популација од 1,4 милијарди жители, извозот по глава жител во 2020 година беше 1.850 долари.

Најголем удел во извозот на Кина од 27,4% има електричната опрема што на земјата ѝ донесе 710 милијарди долари. Потоа следат: компјутери (440,3 милијарди долари), мебел (109,4 милијарди долари), пластика (96,4 милијарди долари), медицинска апаратура (80,2 милијарди долари).

Фото: Pixabay