Извозот на кожни чевли лани на земјава ѝ донесе 19,4 милиони долари

42

Македонија е 61-ва земјата во светот според извоз на кожни чевли, којшто минатата година достигна вредност од 19,4 милиони долари, покажуваат податоците на World’s top exports.

На светско ниво, извозот на чевли од кожа изнесуваше 57,54 милијарди долари. Кина е лидер со извоз од 9,3 милијарди долари, а меѓу петте најголеми извозници се најдоа и: Италија (8,1 милијарди долари), Виетнам (7,4 милијарди долари), Германија (3,7 милијарди долари) и Индонезија (три милијарди долари).

Од земјите во регионот, највисоко се позиционира Албанија со извоз на кожни чевли од 341,9 милиони долари. Потоа следуваат: Хрватска (191 милион долари), Босна и Херцеговина (168 милиони долари), Србија (139,4 милиони долари), Словенија (107 милиони долари), Бугарија (64,7 милиони долари) и Грција (63,4 милиони долари).

Фото: Pixabay