Извозот на мед во Турција порасна за 60% во 2017 година

47

med-vo-tegli-pixabay

Фото: Pixabay

Извозот на мед во Турција забележа пораст од 60% во текот на 2017 година, пишува агенцијата Анадолија.

Приходите од извоз на мед од Турција лани достигнаа ниво од 23,8 милиони евра, а беше реализиран во 45 земји во светот.

“Извозот на нашиот мед постојано се зголемува“, изјави Ахмет Хамди Гурдоган, дел од групацијата извозници на мед во Турција.

Топ три купувачи на турскиот мед се: Германија, САД и Саудиска Арабија. Најголема вредност од 9,3 милиони долари имаше извозот во Германија, а зад него е оној на САД со 8,1 милиони долари и Саудиска Арабија со 1,3 милиони долари.