Извозот на накит на оваа земја ѝ донесе над 13 милијарди долари

62

Извозот на накит минатата година во светот достигна вредност од 108,2 милијарди долари, покажуваат податоците на World’s top exports.

Индија има најголем удел во глобалниот извоз на накит од 12,4% или 13,4 милијарди долари во текот на 2019 година. Во топ пет најголеми извозници на накит во светот лани беа и: Кина (13,3 милијарди долари), Швајцарија (11,7 милијарди долари), Обединети Арапски Емирати (10 милијарди долари) и САД (9,2 милијарди долари).

Од регионот, Грција е лидер со извезен накит во висина од 50 милиони долари. Бугарија лани извезла накит во висина од 22,9 милиони долари, Словенија со 6,5 милиони долари, Црна Гора со 4,3 милиони долари, Хрватска со 3,6 милиони долари, Србија со 2,6 милиони долари и Албанија со 2,2 милиони долари извоз на накит.

Македонија има незначително учество со извезен накит од само 4.000 долари лани.

Фото: Pixabay