Извозот на норвешки гас драстично падна во март

12

Извозот на Норвешка нагло опадна во март 2024 година, како одраз на значително намалените испораки на гас, покажа извештајот на заводот за статистика.

Извозот е намален за 20,5 отсто во однос на истиот месец лани, а увозот за 23,1 отсто.

Падот на извозот се одразува на значително намалените испораки на гас, за 38,1 отсто во однос на ланскиот март. Речиси запре извозот на бродови и нафтени платформи, а извозот на нафта е зголемен за 15,7 отсто.

Ако се исклучат гасот, нафтата и опремата за секторот јаглеводороди, извозот е намален за 25,1 отсто во однос на март 2023 година.

Во однос на февруари 2024 година, извозот е зголемен за 9,5 отсто, додека увозот речиси стагнира. Во однос на февруари, извозот на гас е зголемен за 16,6 отсто, а на нафта за 25,2 отсто.

Кога ќе се исклучи извозот на нафта, гас и опрема за секторот јаглеводороди, испораките се намалени за 4,4 отсто, пренесува Хина.