Извозот на ориз лани достигна 3,3 милиони долари

65

Македонија е 60-та земја во светски рамки по извоз на ориз, којшто лани достигна вредност од 3.365.000 долари или 0,1% помалку одошто во 2019 година.

На глобално ниво, извозот на ориз беше на ниво од 24,5 милијарди долари, што е за 1,3% повеќе во споредба со 2019 година.

Петте најголеми извозници на оваа житарка (Индија, Тајланд, Пакистан, САД и Виетнам) опфаќаат 71,4% од вкупниот извоз на глобално ниво, покажуваат податоците на World’s top exports.

Индија се одвојува на врвот по извоз на ориз со заработка од осум милијарди долари или 32,6% од глобалниот извоз во 2020 година. Зад нејзе се најдоа: Тајланд (3,7 милијарди долари), Пакистан (2,1 милијарди долари), САД (1,9 милијарди долари) и Виетнам (1,8 милијарди долари).

Од земјите во регионот, најголем извозник на ориз е Грција со 70 милиони долари, по што следат: Бугарија (50,7 милиони долари), Словенија (три милиони долари), Србија (436.000 долари) и Хрватска (142.000 долари).

Фото: Pixabay