Извозот на оружје од Босна и Херцеговина се зголеми за речиси три пати

17

Наменската индустрија на Босна и Херцеговина е една од ретките стопански гранки што е се посилна, а извозот на оружје во првиот квартал од годинава е речиси три пати поголем од истиот период лани.
Според податоците на Управата за индиректно оданочување на БиХ, во првите три месеци од годинава извозот на оружје изнесува 92.410.727 конвертибилни марки или 47.210.314 евра, додека во трите месеци од 2023 година изнесува 35.116.034 конвертибилни марки или 17.939.897 евра.

Така, најбарани производи од Босна и Херцеговина, што се однесува до наменската индустрија, се бомби, гранати, торпеда, мини, ракети и слична воена муниција и нивни делови, кои за три месеци се извезени за околу 90 милиони конвертибилни марки.

Повеќето од производите ги пласирале во Соединетите Американски Држави за околу 21 милиони конвертибилни марки.

Потоа следи извозот во Словачка за 19.106.605 конвертибилни марки, Србија за 12.544.358 конвертибилни марки и Бугарија за 10.114.711 конвертибилни марки, пишува Независне.

Годинава, компаниите од наменската индустрија во БиХ ги пласираа своите производи и во Турција, Того, Словенија, Полска, Црна Гора, Молдавија, Италија, Индонезија, Унгарија, Хрватска, Франција, Германија, Чешка, Швајцарија, Бангладеш и така натаму.