Извозот на путер на овие земји им донесе милијарди  

43

Извозот на путер минатата година во светот достигна вредност од 7,4 милијарди долари. Овие три земји од извоз на овој млечен продукт лани успеаја да инкасираат над милијарда долари: Нов Зеланд (1,3 милијарди долари), Ирска (1,2 милијарди долари) и Холандија (1,1 милијарда долари).

Петте најголеми извозници во светот ги заокружуваат: Германија (615 милиони долари) и Белгија (560 милиони долари).

Од земјите во регионот, најголем извозник на путер е Хрватска со 4,3 милиони долари. Следни се: Бугарија (2,5 милиони долари), Грција (1,5 милиони долари), Србија (1,2 милиони долари) и Словенија (464.000 долари).

Македонија, според податоците на World’s top exports, е 64-та земја во светот со извоз на путер во висина од 228.000 долари.

Фото: Freepik