Соединетите Американски Држави минатата година извезоа производи во вредност од 1.431 милијарда долари, што претставува пад од 13% во споредба со 2019 година.
Според податоците на World’s top exports, 69,3% од извозот на САД беше насочен кон: Канада (17,8%), Мексико (14,9%), Кина (8,7%), Јапонија (4,5%), Велика Британија (4,1%), Германија (4%), Јужна Кореја (3,6%)…
Најголем дел од извозот на САД или 12,8% отпаѓа на извоз на компјутери коишто им донесоа 182,6 милијарди долари. Потоа следат: електрична опрема (162,9 милијарди долари), минерални горива и нафта (155,1 милијарда долари), возила (105,2 милијарди долари), оптичка и медицинска апаратура (83,4 милијарди долари)…
Во САД живеат 330 милиони луѓе, па по глава жител лани извозот имаше вредност од 4.300 долари.
Фото: Pexels