Извозот на Шведска намален за над 3% во 2020 година

23

Шведска во текот на минатата година извезе производи во вредност од 155,6 милијарди долари, што претставува пад од 3,1% во споредба со 2019 година.

Според податоците на World’s top exports, 72,7% од извозот на Шведска беше насочен кон: Норвешка (10,6%), Германија (10,4%), САД (8,1%), Данска (7,6%), Финска (7%), Кина (5,4%), Холандија (5,1%), Велика Британија (5,1%), Франција (4%), Белгија (3,5%)…

Шведска има популација од 10,4 милиони луѓе, па по глава жител извозот е 15.000 долари.

Фото: Pexels