Извозот на Србија лани достигна 19,4 милијарди долари

11

Србија минатата година извезе производи на странски пазари во висина од 19,4 милијарди долари, што е за 0,6% помалку одошто во 2019 година.

Според податоците на World’s top exports, 65,7% од извозот на Србија беше насочен кон: Германија (12,9%), Италија (8,4%), Босна и Херцеговина (7%), Романија (6,5%), Унгарија (4,7%), Русија (4,7%), Црна Гора (4,2%), Чешка (3,7%), Македонија (3,7%), Хрватска (3,3%), Полска (3,3%) и Бугарија (3,2%).

Најголем удел во извозот од 15,7% има електричната опрема со 3,1 милијарда долари. Меѓу највредните извозни продукти на Србија се и: компјутери (1,5 милијарда долари), пластика и пластични производи (една милијарда долари), гума (895,7 милиони долари) и возила (795,9 милиони долари).

Фото: Pixabay