Извозот во Хрватска ги надмина бројките од 2019 година

31

Со динамиката на туризмот, силниот раст на индустриското производство, градежништвото и малопродажбата, извозот од Хрватска ги надмина бројките од 2019 година. Расте и вработеноста – во моментов има 55.000 вработени повеќе од минатата година.

Сето ова води кон двоцифрен раст на БДП, а Економскиот институт во Загреб проценува дека во вториот квартал годинава, економијата пораснала за 14,5% во споредба со истиот квартал минатата година.

“Извозот на стоки се зголеми за 25%, тоа се успесите на ИТ компаниите, електричните автомобили Римац, нашата прехранбена и фармацевтска индустрија, која станува посилна и извезува “, рече советникот на претседателот на Хрватската стопанска комора, Марко Јурчиќ.

Фото: Pixabay