Извршители во Црна Гора заработуваат и до 15.000 евра

39

Некои јавни извршители во Црна Гора заработуваат неколку илјади евра месечно, а некои до скоро 15.000 евра, пренесуваат црногорските медиуми.

Црногорската агенција за спречување корупција ги објави најновите извештаи за имотот за 28 јавни извршители чии плати се дури и повисоки од амбасадорите. Вкупно 20 од 30 од нив не дале согласност Агенцијата за спречување на корупција да ги контролира нивните банкарски сметки, иако многу од нив имаат и заштеди, пишува Дан.

Најголем месечен приход од сите извршители пријавила еден извршителка од Подгорица, која изјавила дека минатата година заработила дури 177.510 евра или 14.792 евра месечно.

За разлика од повеќето нејзини колеги, таа се согласила дека Агенцијата за спречување на корупција да ги контролира нејзините сметки.

Веднаш зад неа според приходот е извршителка, која изјавила дека нејзините месечни примања изнесуваат дури 8.814 евра.

Таа пријавила дека е сопственик на два стана и деловна просторија, има заштеда од 43.143 евра и не ѝ дала согласност на Агенцијата за спречување на корупција да ги контролира нејзините банкарски сметки.

Фото: Pixabay