Извршната Директорка на Триглав Осигурување – Живот, Вилма Учета Дузлевска, ја прими наградата Business Elite Awards бренд на Global Top BrandsAwards

33

Наградата за успешен бизнис лидер на настан организиран од познатата Business Elite Awards оваа недела во Истанбул,Турција на свечен церемонијален настан ја прими Вилма Учета Дузлевска, долгогодишен извршен директор и голем познавач во областа на осигурувањето.

Нејзината номинација следи по резултатите и неколкукратното зголемување на активите на компаниите кои ги управуваше во последниве децении.

Од октомври 2020 година, Вилма Учета Дузлевска презема нов работен ангажман како извршен член на Одборот на директори на Триглав Осигурување Живот АД Скопје. Во овој краток период, компанијата ја удвои својата позиција на пазарен удел а оваа година забележува најголем раст на пазарот за животно осигурување и по премија и по број на продадени полиси.

Наградите на  Business Elite’s се заштитен знак на Global Brand Awards, основани во 1985 година во Торонто, Канада. Креирани се да го оценат и наградат успехот на бизнисмените низ светот и да ги поврзат меѓусебно, создавајќи една глобална мрежа  од млади бизнис лидери кои силно и сплотено ќе  имаат понатамошна можност за соработка и раст на компаниите кои ги претставуваат.