Извршниот директор на Cupra стана нов шеф на Seat

38

Извршниот директор на Volkswagen групацијата, Херберт Диес го назначи досегашниот шеф на Cupra Вејн Грифитс како нов извршен директор на Seat.

Вејн Грифитс од први октомври ќе биде шеф на Seat, одлучи Volkswagen групацијата. Покрај Seat Грифитс исто така ќе продолжи и како извршен директор и претседател на Cupra брендот, притоа задржувајќи ја својата позиција на извршен потпретседател за шеф и маркетинг во компанијата. Во меѓувреме, Херберт Стајнер ќе стане нов потпретседател за производство и логистика на Seat.

Откако се приклучи на шпанската компанија во 2016 година како шеф на продажба, Грифитс успеа да направи Seat да стане најбрзорастечки бренд во Европа, рушејќи ги сите рекорди за продажба со раст од повеќе од 40 проценти во периодот од 2016 до 2019 година. Тој исто така е еден од основачите на Cupra брендот, каде што стана извршен директор во јануари минатата година.

“Вејн Грифит е еден од најквалификуваните менаџери во Групацијата. Во изминатите четири години, тој ги движеше продажбите на Seat до рекордни нивоа и го предводеше развојот на новиот Cupra бренд. Тој ја има мојата целосна поддршка и убеден сум дека ќе го продолжи својот успешен пат како шеф на Seat“, изјави Диес.

Во јули, Seat го најави својот инвестициски план вреден 5 милијарди евра за периодот помеѓу 2020 и 2025 година, кој започнува со лансирањето на пет нови електрични и plug-in хибридни модели во следните 12 месеци.

Инаку, ова не се единствените промени во менаџментот. Стајнер ја презема фунцкијата на Кристијан Волмер кој се сели во Volkswagen брендот како нов член на бордот за производство, додека потпретседателот за правни работи на Seat, Луис Комас, станува независен член на бордот на директори на Seat.

Преземено од Avtoplus.mk