Извршниот директор на Microsoft стигна во Белград, попладне оди за Загреб

42

Dacic_Ballmer3_BetaСтив Балмер, човекот што го замени Бил Гејтс во Microsoft, синоќа пристигна во Белград, каде што го дочека српскиот премиер Ивица Дачиќ, а попладне ќе го посети Загреб, каде што ќе разговара со хрватскиот премиер Зоран Милановиќ.

Балмер, кој на чело на Microsoft е од 2009 година, утрово ќе се состане со Дачиќ и потпретседателот на Владата на Србија Александар Вучиќ. Во текот на денот ќе оствари средби со повеќе министри и со директорот на Microsoft за Европа, Среден Исток и Африка, Југослав Пириќ.

Ивица Дачиќ и првиот човек на Microsoft во мај годинава потпишаа договор за соработка за лиценцирање и сервисирање на компјутерскиот софтвер што ќе биде користен во српската државна администрација.

Во Загреб попладнево треба да биде потпишан договор со хрватското министерство за наука, образование и спорт, таканаречен Education Transformation Agreement.

Фото: Танјуг