
Данската фармацевтска компанија „Ново Нордиск“ денес објави дека нејзиниот извршен директор Ларс Фрегард Јоргенсен ќе ја напушти својата позиција поради моменталните предизвици на пазарот, а акциите на компанијата паднаа за 1,8 проценти веднаш по објавата.
Точниот датум на пензионирање не е објавен, а според компанијата, Јоргенсен ќе остане на функцијата за време на преодниот период за да се обезбеди стабилна транзиција.
Потрагата по нов извршен директор е во тек, а името на наследникот на Јоргенсен ќе биде објавено подоцна, додаде Ново Нордиск.