Извршниот директор на T-Mobile, Џон Легер, ја напушта позицијата

38

Извршниот директор на T-Mobile, Џон Легер, најави дека ќе ја напушти челната позиција во компанијата. Легер заминува од телекомуникацискиот гигант на крајот на април следната година, кога истекува и неговиот договор.

За него се зборуваше дека е можно да биде новиот директор на WeWork, и покрај тоа што бизнисменот ги негира овие тврдења.

Лагер ќе биде заменет од Мајк Сиверт, кој моментално е претседател и главен оперативен директор на T-Mobile. Од компанијата велат дека Легер и понатаму ќе биде член на одборот и ќе асистира во аквизицијата на ривалот Sprint, пишува CNN.

Sprint инаку е контролиран од јапонскиот инвестициски гигант SoftBank, којшто исто така има акции во WeWork.

Фото: Facebook