Ја прекина кампањата за да купи стан, собраните пари ќе ги донира

51

Необичниот потег на 25-годишната Хрватка, Катарина Скрбин заврши неславно, бидејќи таа ја стопираше кампањата со којашто сакаше преку crowdfunding платформа да собере 80.000 евра за да си купи стан.

“Со оглед на тоа што мојата идеја за собирање пари за стан е сфатена сосема погрешно, односно идејата беше едни на други да си помогнеме колку можеме, одлучив парите што досега беа уплатени на мојата сметка да ги уплатам во хуманитарни цели“, вели Скрбин.

Таа преку Go get fundind успеа да собере 1.551 евро, што ќе ги уплати на сметката на СОС Детско село во Хрватска.

“За децата кои немаат ниту семеен дом, ниту родители. На крајот на краиштата уплативте пари таму каде што навистина се потребни и направивте добро и хумано дело и ви се заблагодарувам за тоа“, порача таа.

Фото: Pixabay