Jaco – роботска рака што им го олеснува животот на луѓето со инвалидитет

84

Jaco e роботска рака, креирана од страна на канадската компанија Kinova, којашто има за цел да им го олесни секојдневието на луѓето со инвалидитет.

Функционира исто како човечка рака што е од особено значење за оние кои не се во можност да го користат овој дел од телото. Jaco е достапна со два или три “прста“ и може да се намести на моторизирана инвалидска количка.

Со нејзина помош, корисниците можат да отвораат врати, да држат и подигнуваат разни предмети, да си играат со деца и миленици и слично.

Раката е многу лесна што дополнително придонесува за безбедно и едноставно користење и движење. Jaco може да имитира 16 различни движења на раката, од рамото до прстите. Се контролира преку џојстик на инвалидската количка од корисникот, со помош на главата и разни други комбинирани движења.

Издржлива и отпорна е на било какви временски услови, пишува Designboom.

Фото: Kinova