Јадете боровинки за да бидете здрави и убави

220

borovnica-pixabay

Фото: Pixabay

Боровинките во себе кријат голем број хранливи материи, а нутриционистите ги препорачуваат во секојдневната исхрана.

Се препорачува боровинките да се конзумираат свежи, но може одредена количина од боровинките да се замрзнат и да се користат во текот на целата година. Само во 100 грама боровинки има пет пати поголема концентрација на антиоксиданси од било кое друго овошје.

Боровинките ја чуваат кожата од стареење, штитат од различни видови на рак, болести на срцето, артритис, астма, губење на памтењето и други заболувања.

Боровинките се преполни со витамин Ц и се голем извор на влакна. И покрај тоа што содржат шеќери, тие се одлични за дијабетичарите бидејќи помагаат во регулација на шеќерот во крвта.

Боровинките содржат полифенол, којшто помага во борбата против надворешните штетни влијанија. Ова ситно овошје помага да се намали црвенилото на кожата и придонесува за отстранување на акните.