Јахтата на Березовски ја купи Хрват за пет милиони евра

30

1

Јахтата Thunder B, која беше во сопственост на неодамна починатиот руски милијардер Борис Березовски сега има сопственик Хрват, објави De Valk Yachts France. Импресивната 49 метарска јахта е продадена за пет милиони евра, а името на купувачот не е наведено.

Јахтата е изградена 1990 година. На неа можат да се сместат десет луѓе во пет апартмани. Најголемиот апартман на сопственикот има сауна и опремен е за хидромасажа. На јахтата има и базен.

“Особено забележлив е нејзиниот погон. Двојните 2950 КС MTU 396 дизел мотори, 4600 КС TF40 гасната турбина и 70.500 литарски резервоари овозможуваат брзина од најмалку 30 јазли. Ова на новите сопственици ќе им овозможи лесно да стигаат од пристаниште до пристаниште. Во исто време, нејзините странични мотори обезбедуваат одлично маневрирање дури и при мали брзини и во тесни појаси”, вели Џејмс Гринвуд, брокер одговорен за продажбата.

2

3

4

5

6

7