Јахтата на Надал добива награди

59

Луксузната јахта на тенисерот Рафаел Надал, вредна дури 6,2 милиони долари, ја доби наградата Best of the Best што ја доделува списанието Robb Report. Шпанскиот тениски ас ја поседува јахтата Sunreef Great White.

Има четири кабини за гости, џакузи, гаража за џет-ски, палуба, како и спа базен со водопад. Јахтата е долга 24,3 метри, напојувана од два мотори со по 1.200 коњски сили.

На главната палуба има отворена кујна и бар, додека во погледот на морето може да се ужива од главниот апартман. Јахтата може да прими до 12 гости.

Надал ја купи јахтата во 2019 година.

Фото: Facebook