Јахтата на Путин ќе презими во Трогир за 36.000 евра

20

cajka

Службениот брод на рускиот претседател Владимир Путин на почетокот на годинава беше на ремонт во Бродотрогир во Хрватска, а според неофицилани информации што ги објави Слободна Далмација, бродот Чајка (превод Галеб) ќе презими во Трогир.

Во новата марина во Трогир, отворена ова лето, инвестирано е 10 милиони евра, а во првата фаза доби 133 сидришта во морето и 80 на копно за просечна големина на пловилата до 25 метри.

Цената за месечно усидрување на брод од скоро 54 метри е 6.000 евра, па марината Трогир би можела од бродот на Путин да заработи 36.000 евра. Цената, според Слободна Далмација, однапред е платена.

Во истата марина се сместени и други суперлуксузни јахти, меѓу кои и онаа на бизнисменот Филип Цептер.

Луксузната јахта на Путин, Чајка, е изградена во 2009 година во Турција, а цената за која е купена е 40 милиони евра.

Фото: Иво Чагаљ