Јака 80 за шест месеци оствари добивка од 13,4 милиони денари

17

jaka 80 radovis

Фармацевтската компанија Јак 80 од Радовиш во текот на првите шест месеци од годинава работеше со добивка од 13.420.000 денари, стои во билансот на успех објавен на Македонска берза.

Во првото полугодие од 2015 година, компанијата прикажа загуба од 12.644.000 денари.

Вкупните приходи од продажба од јануари до јуни оваа година имаа вредност од 43.842.000 денари. На домашен пазар е направена продажба на стока вредна 24.582.000 денари, додека преку извоз се обезбедени 19.260.000 денари.