Јакна за патување со 15 опции на себе

29

baubaxКомпанијата BauBax LLC од Чикаго, која што дизајнира и произведува креативни производи, нуди необична јакна за патување со 15 опции на себе.

За оние кои постојано патуваат оваа јакна е идеална бидејќи има вградено перниче за поддршка на вратот, маска за очи, ракавици, џеб за пијалак, посебно џепче за слушалки, џеб за мобилен телефон или таблет во различни големини.

baubax jacket

На оваа “патувачка“ јакна има посебно место и за чување очила, за пенкала, лични документи, пренослив полнач за телефон и ракавици за затоплување на рацете.

Јакната ја има и во машка и во женска варијанта со можност да се избере еден од четирите стилови во зависност од барањето на клиентите.

На глобалната платформа за групно финансирање, Kickstarter, досега 1.227 инвеститори го поддржаа овој проект со над 180.000 долари.