Jamón Ibérico de Bellota – најскапото парче месо во светот

83

jamon-puro-iberico-de-bellotaПриказната за Jamón Ibérico de Bellota започнува со прастарите пасишта под дабовите дрвја во Шпанија. Најпрефинетото месо во светот се добива од црните Ibérico свињи, откако истото ќе помине процес на сушење кој трае 12 месеци (понекогаш и 48).

vanessa-paradi-118

Ibérico свињите големи, црни, со тенки нозе и долга муцка. Се хранат со желади, односно bellota и од таму доаѓа и самото име. Кога се стари околу 10 месеци, зимно време прасињата се оставаат да пасат на пасиштата Dehesa, кои изобилуваат со дабови дрвја. Прасињата се хранат со шест до седум килограми желади додека не ја достигнат посакуваната тежина. Штом станат доволно тешки, тие се колат.

Бутовите потоа се маринираат со морска сол и се оставаат да се сушат на студениот зимски воздух.

JAMON-IBERICO-DE-BELLOTA-40€_250GR

Процесот на сушење е прилично долг, поради високиот степен на масти во месото. Откако стручните лица ќе проверат дали месото ги исполнува сите стандарди, односно дали е de bellota, тогаш истото може да оди на продажба.

Доколку стандардот не е исполнет, тие се продаваат само под името jamón ibérico за пониска цена.

Цената за 5,5 килограми изнесува 895 долари.