Јанко Тренкоски го напушта КБ Прво пензиско друштво

225

 

sl2

„По изминати 9 години како генерален директор на КБ Прво пензиско друштво и исклучително успешен период од аспект на финансиски резултати, како за КБ Прво пензиско друштво така и за пензиските фондови, се одлучив да ставам приоритет на мојата потреба за нови предизвици во овој период од мојата професионална кариера и одлучив да не продолжам со својата работа во Друштвото. Годините поминати во КБ Прво пензиско друштво се меѓу најдобрите и најисполнети во мојата професионална кариера, од кои носам големо искуство и работна етика, многу професионални конекции и контакти.

Круната на таа работа беше добивањето на наградата за „Најдобар пензиски фонд во Централна и Источна Европа за 2015 година” која ја доделува реномираниот финансиски магазин  IPE (Investment & Pensions Europe) на свечена церемонија во Барселона, Шпанија што претставува огромен успех не само за КБ Прво пензиско друштво, туку и за реформираниот пензиски систем во Македонија. Исто така за истакнување е и наградата за најдобра општествено одговорна компанија во Македонија за 2012 година.

Го оставам КБ прво пензиско друштво АД во многу добра кондиција и подготвено за сите идни предизвици во однос на остварување на респектабилни приноси за членовите на фондовите и исплатата на пензиите. Горд сум на работата што во изминатите 9 години ја сработивме заедно со управувачкиот тим и вработените, вклучувајќи го огромниот раст на обемот на работа и развојот на кадар со светски перформанси“, стои во соопштението.