
Просечната месечна исплатена нето-плата по вработен, во јануари 2025 година, изнесува 43. 050 денари. Просечната месечна исплатена нето-плата по вработен, во декември 2024 година, изнесува 43.587 денари.
Според податоците на Државниот завод за статистика, индексот на просечната месечна исплатена нето-плата по вработен во јануари 2025 година, во однос на јануари 2024 година, изнесува 108.9.
Ваквото зголемување се должи, пред сѐ, на зголемувањето на просечната месечна исплатена нето-плата по вработен во секторите: Уметност, забава и рекреација (15.6 %), Административни и помошни услужни дејности (12.0 %) и Образование (11.4 %).
Намалување на просечната месечна исплатена нето-плата по вработен, во однос на претходниот месец, е забележано во секторите: Градежништво (6.6 %), Преработувачка индустрија (5.4 %) и Финансиски дејности и дејности на осигурување (4.5 %).
Просечната месечна исплатена бруто-плата по вработен, во јануари 2025 година, изнесува 64 697 денари.
Според податоците на Државниот завод за статистика, индексот на просечната месечна исплатена бруто-плата по вработен во јануари 2025 година, во однос на јануари 2024 година, изнесува 108.9.
Ваквото зголемување се должи, пред сѐ, на зголемувањето на просечната месечна исплатена бруто-плата по вработен во секторите: Уметност, забава и рекреација (15.1 %), Административни и помошни услужни дејности (12.1 %) и Образование (11.5 %).
Намалување на просечната месечна исплатена бруто-плата по вработен, во однос на претходниот месец, е забележано во секторите: Градежништво (6.8 %), Преработувачка индустрија (5.7 %) и Финансиски дејности и дејности на осигурување (4.5 %).