Japan Airlines планира од стара облека да произведува керозин

24

japan-airlines

Јапонскиот национален авиопревозник, Japan Airlines, планира старата облека да ја претвора во гориво, којшто како алтернативен енергетски извор може да се тестира на почетокот на 2020 година, пишува Nikkei Asian Review.

За таа цел, втората по големина авиокомпанија во земјата ќе соработува со јапонската компанија Japan Environmental Planning (Jeplan) и токискиот Green Earth Institut. Jeplan веќе соработува со 12 трговци од коишто собира облека од околу 1.000 продавници низ Јапонија, од којашто го рециклира полиестерот. За создавање на керозинот, од старата облека ќе се екстрахира памукот. Преку посебна ферментација шеќерот во памукот ќе се трансформира во течен алкохол.

Со користењето на памукот од облеката, во Јапонија би се покрил само 1% од вкупната годишна потрошувачка на керозин во земјата. Но, истата технологија може да се примени и на други видови на отпад, како што е хартијата.