Јапонци направија маска за лице што преведува

78

Маските за лице наскоро ќе се користат не само за заштита од вируси, туку и за остварување телефонски повици, но и како преведувачи. Јапонската компанија Donut Robotics во моментов работи на развој на една ваква маска.

Пандемијата на вирусот корона промени многу наши навики, но и модни трендови. Сега луѓето бараат интересно дизајнирани маски и ги вклопуваат боите со облеката. Во изминатите неколку месеци, некои производители работеа и на развој на транспарентна маска, за да се гледа лицето на корисниците, како и биоразградливите маски, наменети за зачувување на животната средина. Најновиот тренд на пазарот оди дури подалеку од тоа што маската служи и за преведување.

C-маската на јапонската компанија Donut Robotics е поврзана со паметниот телефон преку Bluetooth врска. Со оваа технологија, таа може да ги преведува изговорените зборови. C-маската исто така нуди можност за снимање, па дури и за транскрипција на разговорите. Засега, може само да преведе јапонски на осум јазици: англиски, кинески, француски, корејски, тајландски, индонезиски, шпански и виетнамски.

Недостаток на маската е тоа што не штити од инфекција, затоа се препорачува да се носат над заштитна маска. Се очекува да биде пуштена во продажба од септември годинава.

Фото: Donut Robotics