Јапонците ќе лансираат дрвени сателити

52

Јапонска компанија Sumitomo Forestry и Универзитетот во Кјото заеднички ги развиваат првите дрвени сателити во светот до 2023 година

Вселенскиот отпад станува сè посериозна закана во Земјината орбита со оглед на тоа дека таму се испраќаат сè повеќе сателити. Она што дрвените сателити го нудат е опцијата за согорување во атмосферата при повторно влегување во неа и после истекот на нивниот век на траење, но без ослободување на штетните честички во атмосферата или создавање дождови кои потоа паѓаат на површината на Земјата и претставуават опасност по луѓето, зградите и околината.

“Многу сме загрижени поради фактот дека сите сателити кои повторно влегуваат вo Земјината орбита при согорувањето испуштаат ситни честички кои лебдат во горниот дел од атмосферата долги години. Со тек на време тоа ќе влијае на околината на Земјата“, вели Такао Дои, астронаут и професот на Универзитетот Кјото.

Sumitomo Forestry, која е дел од групацијата Sumitomo Group, што постои веќе 400 години, објави дека работи на истражување на дрвени материјали кои се високо отпорни на промени во температурата и на сончевата светлина. Дрвото кое го користат во истражувањата го нарекоа својата R&D (research and development) тајна.

Според податоците на Светскиот економски форум, во Земјината орбита има речиси 6.000 сателити, а 60% од нив се нефункционални и претставуваат само вселенски отпад. Се проценува дека до 2028 година ќе има околу 15.000 сателити, вклучувајќи ги и сателитите на SpaceX од програмата Ѕtarlink.

Фото: Pixabay