Јапонија го зголемува производството на замрзнувачи за вакцини

25

Јапонски компании го зголемија производството на замрзнувачи за складирање и достава на вакцини против Ковид-19 за да го подготват теренот за владината програма за вакцинирање, што почнува овој месец.

Владината програма за вакцинирање оди бавно поради логистичките пречки што би можело да го искомплицира планирањето за вакцинирање на населението пред почетокот на подготовките за Олимписки игри.

Токио на крајот на месецот би требало да почне со вакцинирање на населението со вакцината на Pfizer, а приоритет ќе бидат медицинските лица. Поради зависност од странски производители, Јапонија заостанува зад поголемите земји коишто веќе почнаа со вакцинирање.

Дополнителни потешкотии создава и барањето од владата, вакцините да бидат тестирани од домашно регулаторно тело. Затоа, во меѓувреме земјата одлучи да го интензивира производството на супер – замрзнувачи за да реши барем еден дел од логистичките проблеми во дистрибуција на вакцините.

Фото: Freepik