Јапонија има намера да ги укине сите возила на бензин во следните 10 години

39

Јапонија има намера да ги укине сите возила на бензин до средината на 2030, објави владата. Овие мерки се дел од стратегијата на Токио за нулта емисија на јаглерод диоксид и други штетни гасови во атмосферата до 2050 година и да се обезбеди зелен раст вреден два трилиони долари годишно до 2050 година.

За да се забрза продажбата на електрични возила, владата има намера да обезбеди намалување на цените на батериите за повеќе од половина до 2030 година.

Владата ќе понуди долгорочни стимулации и други форми на финансиска поддршка на компаниите со зелена технологија.

Европската унија, Кина и другите економии, исто така, поставија амбициозни планови за ограничување на емисиите на штетни гасови.

Фото: Pixabay