Јапонија ја подигнува возрасната граница за пензионирање

51

Јапонската влада планира на парламентот да му предложи закон за зголемување на возрасната граница за пензионирање на државни службеници, најави премиерот Јошихида Суга.

“Возраста за пензионирање треба да се зголеми за да се исполнат сите посложени административни задачи. Се подготвуваме за брзо воведување на релевантните закони“, вели тој.

Стареење и намалување на бројноста на населението е еден од главните проблеми со коишто се соочува Јапонија. Според официјалните податоци, Јапонците се способни да работат до 71 година, а жените Јапонки до 74 години. Владата на постарите Јапонци гледа како на витална работна сила.

Досега, пензија во Јапонија се исплаќаше по навршени 65 години живот, но граѓаните имаат право да работат и подолго, но на пензија имаат право на возраст меѓу 60 и 70 години. Пензиите на оние кои ќе се одлучат на таков чекор пред 65 години се пониски, а оние коишто ќе продолжат да работат и по 65 години имаат право на бонус.

Фото: Pexels