Фото: Pixabay
Sustainergy, старт – ап со седиште во Токио, корпорацијата Hitachi Capital и јапонскиот изведувач Daiwa House Industry планираат да генерираат 4.000 киловати сончева енергија на две локации во Јапонија, пишува Asian Review.
Соларните фарми планирано е да бидат продадени на електраната Tohoku Electric Power по цена од 1,27 милиони долари. Земјиштето под сончевите панели ќе биде резервирано за одгледување на 40 тони специјален вид на печурки (cloud-ear), коишто успеваат со сосема малку сончева светлина.
Ако проектот е успешен, концептот ќе биде промовиран на фармери и комунални претпријатија. Hitachi Capital ќе ги обезбеди панелите и опремата за фармерите бесплатно, а Daiwa House ќе биде одговорен за конструкцијата и одржувањето на фармите.
Бизнис моделот ќе биде добредојден за земјоделците кои се обидуваат да ја користат сончевата енергија за своите фарми, со што значително ќе се подобри и зголеми производството.