Јапонија: Мини преведувач што се носи на облека

66

20170919-01a_tcm100-3322129

Фото: Fujitsu Laboratories Ltd

Организацијата Fujitsu Laboratories Ltd со седиште во Јапонија, го креираше првиот уред за преведување што не мора да се носи во рака, стои во соопштението. Уредот е особено погоден за луѓе чии раце се честопати зафатени, како медицинските лица во болниците.

Уредот има два интегрирани микрофони, од коишто едниот е свртен напред за да го прими звукот од пациентот, а другиот е свртен назад за детектирање на звукот од оној што го носи. Преведувачот има вграден софтвер што автоматски препознава кој зборува и го преведува говорот на оној јазик што бил претходно одбран од страна на корисникот.

Според организацијата, уредот преведува со точност од 95%, кога корисникот се наоѓа во една голема болница каде просечната врева достигнува 60 децибели, а растојанието помеѓу двајцата говорници е околу 80 сантиметри.

Fujitsu Laboratories Ltd. планира од ноември да започне да го тестира преведувачот низ медицински институции низ Јапонија. Иако системот моментално преведува само на јапонски, мандарински и англиски јазик, организацијата работи на проширување на палетата на јазици.