Јапонија оди кон рецесија

57

Јапонската економија изминатиот квартал бележи пад во активноста за прв пат од минатата година, притисната од слабеењето на економските активности ширум светот и напнатоста во односите со Кина и на добар пат е да падне во рецесија.

Падот на БДП за 0,9% во периодот јули – септември е во рамките на очекувањата, но падот на капиталната потрошувачка за дури 3,2% значително ги надмина очекувањата.

На годишно ниво, БДП се намали за 3,5%, покажуваат владините податоци.

Во првата половина од годината, јапонската економија забележа поголем раст од останатите членки на Г7 групата, благодарение на силната лична и јавна потрошувачка на обнова на земјата од минатогодишниот земјотрес и цунами.

Но оправувањето на економијата поради обновата полека стивнува, па владата минатата недела призна дека нејзиниот индекс на водечките економски показатели се симнал на ниво што укажува на рецесија.

Рецесијата обично се дефинира како пад на активностите во два последователни квартали.