Јапонија одобри рекорден буџет за 2021 година

28

Јапонската влада го одобри буџетот на земјата за 2021 година вреден рекордни 1,03 трилиони долари или 106,6 трилиони јени.

Владата продаде 80 тони злато користено за монети за финансирање на дел од огромниот финансиски пакет за борба против кризата со коронавирусот. Од продажбата на злато, одделот за управување со долгови ќе добие 500 милијарди јени (4,84 милијарди  долари), кои ќе бидат искористени за финансирање на новиот пакет, кој ќе поддржува истражување и развој на универзитетите.

Јапонската банка објави дека ќе купи долари од Министерството како мерка на претпазливост против нестабилноста на пазарот по пандемијата.

Економијата на Јапонија најверојатно ќе се намали со побавно темпо отколку што се очекуваше оваа фискална година, благодарение на закрепнувањето на извозот, пренесува Ројтерс.

Фото: Pixabay