Јапонија се подготвува да го колонизира Марс

43

Јапонија прави планови за колонизирање на Марс, за што сведочи компјутерски анимираната презентација прикажана на Универзитетот во Кјото.

Презентацијата покажа амбициозна визија за иднината на човечкиот живот во вселената. Се прикажуваат сцени од “други светови“, вклучувајќи структури со бизарна форма замислени во пустината на Марс. Сепак, во својата внатрешност тие кријат зелени полиња како и чамци кои мирно пловат по водата. Овој концепт е можна визија за човечкиот живот на Црвената планета, пренесува Klix.

Видеото ги откри и примарните полиња на истражување, а меѓу нив е изградбата на живеалишта што поддржуваат вештачка гравитација, што ќе одговара на она на Земјата.

Фото: Pixabay